Српскиот претседател Александар Вучиќ упати загрижувачка прогноза до граѓаните, најавувајќи дека од утре цената на дизелот би можела да достигне, па дури и да надмине 250 динари за литар.
Како главна причина тој го посочи хаосот на Блискиот Исток кој ги дестабилизираше светските пазари.
„Реално е дизелот да биде 250 динари, можеби и повеќе. Акцизите се веќе намалени до максимум, а сега бараме начини како нафтените компании да преземат дел од трошокот за да го сопреме растот“, изјави Вучиќ.
Покрај нафтата, претседателот алармираше и за вртоглавиот раст на цената на гасот, која за само десет дена скокнала за неверојатни 65 проценти.

