28-годишник од Чешиново-Облешево доби кривична пријава затоа што во декември во дворно место на Евангелската црква во село Чифлик физички и со остар предмет нападнал и повредил едно лице.
Како што се наведува во полицискиот билтен, ОВР Кочани поднело кривична пријава против Д.А.(28)
од општина Чешиново-Облешево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
На 21.12.2025 во дворно место на Евангелската црква во село Чифлик, пријавениот физички и со остар предмет го нападнал В.Н. и му нанел тешки телесни повреди.

