Драматична спасувачка акција во Македонија

Во раните утрински часови пожарникари-спасители од ТППЕ Струмица интервенирале при спасување на девојка која паднала во провалија под Цареви Кули, односно местото Црвен ДОл.

„Станува збор за исклучително тежок и непристапен терен, каде интервенираа шест пожарникари-спасители со две теренски противпожарни возила.

Во акцијата беше користена алпинистичка опрема и носила за безбедно извлекување на повреденото лице.

По успешно спроведената акција, лицето беше извлечено и предадено на екипа на Итна медицинска помош“, се вели во соопштението.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде