По овој изминат продолжен викенд, наскоро уште еден. Следниот мини одмор ќе биде за големиот христијански празник – Велигден кога ќе се одмара четири дена.
Неработен ден за правсолавните верници во земјава ќе биде 10 април – Велики Петок, додека 13 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден, ќе биде неработен за сите граѓани.
Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за до крајот на 2026 година.
За сите граѓани на РСМ
- 13 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден
- 1 мај (петок) – Ден на трудот
- 25 мај (понеделник) – Св. Кирил и Методиј (бидејќи 24 мај е во недела)
- 3 август (понеделник) – Ден на Републиката (бидејќи 2 август е во недела)
- 8 септември (вторник) – Ден на независноста
- 12 октомври (понеделник) – Ден на народното востание (бидејќи 11 октомври е во недела)
- 23 октомври (петок) – Ден на македонската револуционерна борба
- 8 декември (вторник) – Св. Климент Охридски
За граѓаните од православна вероисповед
- 10 април (петок) – Велики Петок (пред Велигден)
- 29 мај (петок) – Духовден (петок пред Духовден)
- 28 август (петок) – Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
За граѓаните од муслиманска вероисповед
- 27 мај (среда) – Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните од католичка вероисповед
- 6 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден
- 1 ноември (недела) – Празникот на сите светци
- 25 декември (петок) – Божиќ, првиот ден на Божиќ.

