Падна одлука – ова се новите цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука за определување на малопродажните цени на нафтените деривати со вклучена повластена стапка на додадена вредност од 10%, усогласувајќи се со измените од Законот за данок на додадена вредност.

Од 24 март 2026 година, од 00:01 часот, максималните малопродажни цени ќе изнесуваат:

ЕУРОСУПЕР БС-95 – 86,50 ден/литар (без промена)

ЕУРОСУПЕР БС-98 – 88,50 ден/литар (без промена),

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 95,50 ден/литар (+3,50 ден/л)

Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 92,00 ден/литар (+2,50 ден/л),

Мазут М-1 НС – 47,610 ден/кг (+0,157 ден/кг)

РКЕ напоменува дека станува збор за максимални цени, а трговците можат да формираат цени и пониски од овие вредност

Доколку ДДВ останеше на 18%, цените на бензините би биле повисоки за 6,50 ден/л, дизелот за 10,50 ден/л, додека екстра лесното масло и мазутот би достигнале 99,00 ден/л и 51,073 ден/кг, соодветно.

Со одлуката од 24 март, малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,39% во однос на претходната пресметка од 16 март 2026 година. Зголемување на референтните цени на светскиот пазар е забележано за бензините (+13,592%), дизелот (+16,531%), екстра лесното масло (+15,222%) и мазутот (+9,207%). Курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,7145% во однос на претходниот период.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде