Фејсбук реакција на Игор Џамбазов:
Не, не сум ослабен 20 килограми.
Не, немам од тие таблети, чаеви, масти, што и да се. И не, не познавам никаква докторка Елизабета, а уште помалку со неа сум договарал било што околу користење на мојот лик, дело, а во овој случај и тело, за некаква реклама.
Ова видео, и уште многу други глупости на оваа тема веќе десет дена се појавуваат на Фејсбук. Ги пријавуваме, ги снемува, и после само неколку часа, повторно се појавуваат.
Ова ви е класичен интернет криминал. И затоа адвокатите веќе работат, и наскоро ќе ги дознаеме овие бесчувствителни, криминогени суштества кои профитираат од туѓата мака.
Ви доаѓа крајот, да знаете…
И скапо ќе го платите ова.

