Измерени 7,6 степени: Регистриран СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС – еве каде е епицентарот

Силен земјотрес со магнитуда од 7,6 степени е регистриран на дното на Тихиот Океан, во близина на Тонга.

Според податоците на Американски институт за геофизика, епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 238 километри под морското дно.

Сличен силен земјотрес беше регистриран и минатата година во истиот период. На 30 март, потрес со магнитуда од 7,1 степен го погоди јужниот дел на Тихиот Океан.

Епицентарот на тогашниот земјотрес бил на длабочина од 10 километри, на околу 76 километри југоисточно од Пангаи, главниот град на островот Лифука, кој е дел од архипелагот на Кралството Тонга.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде