Почнувајќи од 26-ти март (четврток) па се до самиот крај од месецов од север кон јужна и југоисточна Европа ќе се спушти значително поладен воздух кој ќе предизвика над Џеновскиот залив да дојде до
формирање на секундарен длабок циклонски систем и токму овој циклон ќе го зафати Балканскиот Полуостров и во најголем дел ќе донесе обилни врнежи од дожд и снег, бурен ветер и нагло заладување на времето.
На планинските места особено во Босна и во Горски Котар во Хрватска ќе падне многу снег и тоа од 50 до 80 сантиметри снег а локално и до 100 сантиметри снег.
Поради наглото заладување снежната граница особено во Хрватска и во Босна ќе се спушти и на помала надморска височина па така врнежи од снег ќе има и во дел од градовите.
Се на се, најскапо ова е го платат овошките кои се веќе расцветани а природата е веќе во значителна фаза на будење. Токму оваа голема промена на времето ќе донесе и појава на утрински мразеви.
До утре (вторник 24-ти март 2026) следува детална метео анализа само за Македонија, токму околу тоа што точно ќе донесе овој зимски циклон кој ќе го зафати Балканот и ќе донесе многу дожд, снег, бурен ветер и мраз.
Метео анализа на Славчо Попоски

