Згасна уште еден медиум во Македонија

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа и паштунската служба, Радио Машал, ќе бидат затворени на 31 март 2026 година.

„Затворањето на овие две служби е загуба за публиката што ја опслужуваат. Но, сегашната буџетска состојба на Радио Слободна Европа нè принудува повторно да ги приоритизираме начините на кои ги распределуваме нашите ресурси.

Оваа одлука е донесена со длабока благодарност за работата што ја имаат направено овие тимови и за стандардот на извонредност што го одржувале“, изјави Претседателот и извршен директор на Радио Слободна Европа, Стивен Капус.

Радио Слободна Европа на македонски јазик работи од 2001 година.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде