Претреси на повеќе локации поради злоупотреби со тендери, осомничените наводно се блиски до власта

„Коха“ денеска објави дека тројца луѓе се осомничени за фалсификување документи и нелегално учество на тендери, а полицијата извршила претреси во нивните домови.

Според извори на „Коха“, станува збор за луѓе со иницијали Б.Г. (39), В.Р. и Н.С.Б., кои се уапсени, а подоцна пуштени на слобода за понатамошна постапка. За време на рациите во нивните домови, истражителите заплениле материјали и докази поврзани со истрагата.

Како што наведува порталот, тројцата се осомничени дека фалсификувале документација и ја користеле за учество на тендери на државни институции, главно во Општина Чаир. Весникот „Коха“ наведува дека еден од осомничените, 39-годишниот Б. Х., работи како раководител на оддел на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe.

Повеќе други медиуми објавија дека осомничениот е роднина на актуелниот градоначалник на Чаир и поранешен вицепремиер и министер, Изет Меџити.

Наспроти овие информации, полицијата за „360 степени“ вели дека претресите биле извршени поради сомневање за кривични дела „фалсификување на службена исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина.“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде