Вечерва тешка сообраќајна несреќа – има повредени

Едно лице е потешко повредено, а три лица се полесно повредени попладнето кога возило удрило во метална канделабра кај кавадаречко Моклиште, потврдија за МИА вечерва од Секторот за внатрешни работи Велес.

– Денеска во СВР Велес било пријавено дека во 15:35 часот, на регионален пат Кавадарци-Моклиште, патничко возило „тојота“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Б. (19) од Кавадарци, удрило во метална канделабра.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле тројцата сопатници во возилото, Д.Т.(18), Љ.Г.(19) и М.С.(18), сите од Кавадарци, констатирани во Општа болница Кавадарци, појаснија од СВР Велес.

Известен бил јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде