ПОТПИШАН КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО – ПЛАТИТЕ ЌЕ РАСТАТ
По неколку години без важечки договор, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство потпиша нов Колективен договор со синдикатите, со кој се предвидува постепено зголемување на платите и подобрување на условите за работа.
Договорот го потпиша министерот Цветан Трипуновски заедно со синдикалните претставници, при што е најавено дека зголемувањето на платите ќе се реализира во наредните три години.
Од Министерството информираат дека со договорот се унапредуваат правата на вработените и се создава посигурна и пофер работна средина.
Со овој чекор, како што се наведува, се става крај на периодот на неизвесност и се поставува основа за подобри работни односи во ресорот.

