Силно невреме попладнево ја зафати Херцеговина, при што во одредени области земјата побеле од интензивен град.
Во Мостар беше регистриран силен дожд проследен со град, грмежи и засилен јужен ветер. Снимки од населбата Мазољице покажуваат значителни количини на ледени зрна кои ги покриле улиците.
Слични временски услови се забележани и во Неум и Меѓугорје, каде граѓаните сведочеле на појава на крупен град.
Федерален хидрометеоролошки институт издаде портокалово предупредување за територијата на Босна и Херцеговина поради силен ветер и обилни врнежи. Во регионот Краина се очекува дожд кој постепено ќе премине во лапавица и снег.
Според прогнозите, во Краина може да наврнат до 40 сантиметри снег, додека во планинските делови на централна Босна се очекуваат до 15 сантиметри.
Воедно, најавени се и силни налети на јужен и југоисточен ветер, со брзина од 40 до 75 километри на час.
Во Брадина, според локални извештаи, патиштата веќе се покриени со снег, видливоста е намалена, а сообраќајот се одвива отежнато, што претставува дополнителен ризик за возачите.

