Лекар – анестезиолог, вработен на КАРИЛ, Ж.Г. се товари дека го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над еден милион евра во старото охридско јадро, по претходно склучен договор за доживотна издршка.
СВР Охрид го расчисти убиството на Митревски, кој беше сопственик на угостителскиот објект „Климентов Конак”.
Сторителот е идентификуван и приведен набрзо по извршување на злосторството.
Според истрагата, Ж.Г. и Митревски претходно склучиле договор за доживотна издршка, со кој Ж.Г. се обврзал да го чува и негува Митревски во замена за наследство.
Наследството кое Ж.Г. сакал да го присвои претставува недвижен имот во старото охридско јадро со проценета вредност од над 1.000.000 евра.
Неофицијално, обвинетиот свесно го „забрзал умирањето“ на жртвата за побрзо да се стекне со владеење врз имотот.
Ж.Г. е официјално обвинет за убиство сторено од користољубие.
Истрагата продолжува, случајот е проследен и до Јавното обвинителство.

