Не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот – започнува летното сметање на времето

Македонија, заедно со остатокот од европските земји, преминува од зимско кон летно сметање на времето.

Промената ќе се случи утре, кога стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час нанапред.

Официјалното преминување на летното време е на 29 март.

„Стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час нанапред, на 29 март во 02:00 часот, а потоа ги поместуваме часовниците за еден час нанапред, до 03:00 часот“.

Со оваа промена, денот ќе станува „подолг“, а ноќта за еден час пократка.

Летното сметање на времето ќе трае до последната недела во октомври, кога часовниците повторно се враќаат еден час наназад.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде