Во тетовското село Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово, вчера, во 17:20 часот, по претходно распишана централна потерница од СВР Охрид,
од слобода го лишија 53-годишниот Ж.Г. од истото село кој се сомничи за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од кривичниот законик.
– Во СВР Охрид, вчера е пријавено дека во неговиот дом на улицата „Нада Филева“ во Охрид, без знаци на живот бил пронајден 76-годишниот К.М. од Охрид.
На местото на настанот извршен е увид од надлежен јавен обвинител и полициски екипи, а лекар од Итната медицинска помош констатира смрт по што, по наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција.
По целосно расчистување на случајот против Ж.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

