Ново убиство во Македонија – првични информации

Основното јавно обвинителство Кочани извршило увид во блицина на Виница каде било пронајдено тело на починато машко лице со прострелна рана од огнено оружје.

Според првичните информации, починатиот е идентификуван како ловочувар кој бил дел од група за комерцијален лов.

Од Обвинителството информираат дека во тек се активности за обезбедување докази, при што се вршат претреси и вештачења на пронајдени траги со цел утврдување на сите околности поврзани со настанот.

Во рамки на истрагата, задржани се тројца странски и еден македонски државјанин кои биле дел од истата ловна група. Надлежните институции испитуваат дали тие биле инволвирани во пукањето.

До целосно расчистување на случајот, задржаните лица ќе бидат обезбедени, а истрагата продолжува во насока на утврдување на одговорноста и причините за трагичниот настан.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде