Земјотрес ја стресе Хрватска

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван вечерва во подрачјето на Шибеник.

Треморот е регистриран точно во 22 часот, а епицентарот бил во морето во близина на островот Жирје, објавува Žibenik.in.

Според податоците од Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот се наоѓал на 11,6 километри од Жирје, на длабочина од 10 километри во Јадранското Море. Земјотресот бил почувствуван и во соседните окрузи.

Бројни граѓани на веб-страницата Potresi.hr изјавија дека треморот бил проследен со татнеж сличен на грмотевици.

„Беше добар татнеж, многу непријатно чувство“, рече еден коментатор. Друг жител на погодената област напиша: „Зградата се тресеше навистина силно неколку секунди“, пренесе хрватски „Индекс“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде