Шок за Македонец: Си го пронашол „бмв“-то на отпад откако му го дал на заем на познаник

Шок за Македонец – си го пронашол сопственото „бмв“ на отпад откако му го дал на заем на познаник. Ова се деталите од полицијата за случајот.

– На 29.03.2026 во 12:00 часот во СВР Тетово, 35-годишник од Тетово пријавил дека бил измамен од негов познаник А.Х..

Според пријавеното, тој побарал да му го позајми неговото  возило „бмв“, а откако го зел го известил дека има дефект и го оставил кај механичар. Како што е пријавено, по неколкудневни обиди да стапи во контакт и да го добие возилото назад, на 28.03.2026 се соочил со механичарот кој признал дека возилото го однел на отпад во село Слатино.

Исто така, според пријавеното, тој го пронашол возилото оштетено во отпадот и сопственикот му кажал дека го купил од механичарот, информираат од СВР Тетово. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваар од полицијата. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде