Со голема тага ја примивме веста за смртта на Едуард Кокшаров.
Човек кој беше дел од едни од најголемите успеси во историјата на РК Вардар, како спортски директор и тренер, и кој остави силен белег во нашиот клуб.
Во периодот на неговиот престој во Скопје, Вардар двапати ја освои ЕХФ Лигата на шампионите, четири пати беше шампион на Македонија и три пати го освои националниот куп.
Зад себе остави големо ракометно наследство и спомени кои ќе траат.
Искрено сочувство до неговото семејство и најблиските.
Почивај во мир, Едуард.

