ИН МЕМОРИАМ
На 64 годишна возраст почина Зоран Маневски, професор по виолина во Музичкото училиште во Битола, објави Тера телевизија.
Голем број на ученици своето образование по виолина го стекнале во класата на професорот Маневски.
Тој беше автор на три збирки со композиции за виолина, а во 2006 година Здружението на просветни работници го прогласи за најдобар наставник во средното образование, доделувајќи му ја наградата ,,Св.Кирил и Методиј.
Маневски ќе остане запаметен и како естраден работник и член на музичката група „Мегдан“ од Битола и групата „Негрос“ од Велес.
Зоран Маневски ќе биде погребан денеска на 31 март во 13 часот во новите горбишта, а посмртните останки ќе бидат изложени во црквата „Св. Димитриј“ во Битола од 10 часот.

