Пристигна предупредување! Опасност од поплави во Македонија

Продолжува влијанието на циклонската активност со центар над Јонското море а во исто време сме под влијание  и на ладен воздух кој се спушта од север.

Во следите 24 часа во Македонија врнежите ќе се интензивираат насекаде  и повремено ќе бидат обилни и проследени со умерен до засилен ветер од северен и од североисточен правец. Локално ќе наврне ново големо количество на дожд (над 30 литри на метар квадратен дожд). На планините  и на повисоките места над 1000 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег а на планините  и на скијачките центри ќе се зголеми снежната покривка.

И во Скопје  и околината во следните 24 часа ќе има нови врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и се очекува да наврне над 20 литри дожд. И во Скопје  и околината повремено ќе дува засилен ветер од северен правец а на околните повисоки планини врнежите ќе бидат од дожд и од снег.

Утре (четврток 2 април 2026) наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 9 степени а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 11 степени. Во Скопје  и околината наутро температурата ќе се спушти до околу 7 степени а преку денот таа ќе се искачи до околу 9 степени.

Поради очекуваните обилни врнежи од дожд во Македонија постои опасност од локални поплавувања па токму поради ова ги советувам особено возачите да внимаваат доколку се движат особено покрај водотеците. Исто така поради очекуваните обилни врнежи очекувам и ново зголемување на нивоата на реките  и на езерата во Македонија.

Метео анализа на Славчо Попоски

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде