ТРАГЕДИЈА: Почина познат македонски музичар

Со неговото заминување, македонската музичка сцена загуби голем уметник и педагог, кој остави длабока трага во културниот живот на Битола и пошироко.

Тој беше член на АРКО и раководеше со Битолскиот камерен оркестар на значајни културни манифестации како Хераклејски вечери, Денови на македонската музика и Битолско културно лето.

На 63-годишна возраст почина Зоран Маневски, истакнат професор, виолинист и музичар од Битола, кој остави значаен белег во македонската музичка сцена.

Маневски зад себе остави богато музичко творештво, особено преку групата Мегдан, со која создаде препознатливи дела. Настапуваше и како солист со Македонска филхармонија и со Битолски камерен оркестар.

Во текот на вчерашниот ден, во Државното музичко училиште во Битола се одржа комеморација во негова чест. Таму Маневски помина цели 38 години како педагог, образувајќи бројни генерации музичари.

Меѓу битолчани ќе остане запаметен како врвен уметник, визионер и посветен професор, но и како фолк-музичар и пејач кој настапувал на бројни престижни фестивали во земјава.

Како педагог и концертант, настапуваше како солист со Македонската филхармонија и Битолскиот камерен оркестар, а неговите ученици редовно освојуваа награди на домашни и меѓународни натпревари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде