УБАВА ВЕСТ: Падна цената на нафтата

Светот здивна по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека воените операции во Иран би можеле да завршат за само две до три недели.

Оваа вест веднаш ги „собори“ цените на нафтата, па така суровата нафта утрово се тргува под психолошката граница од 100 долари, поточно за 97 долари за барел.

Падот од над 4% на нафтата „Брент“ и американската сурова нафта е јасен сигнал дека трговците веруваат во брза деескалација на Блискиот Исток.

„Пазарите реагираа со молскавична брзина. Веднаш штом Трамп спомна повлекување и префрлање на одговорноста за Ормут на други земји, притисокот врз енергенсите попушти“, коментираат берзанските аналитичари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде