Денеска врнежи од снег – еве во кои делови од Македонија

Времето во Македонија денека ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m²), на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

Дневните температури ќе се движат од 3 до 12 степени Целзиусови.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални слаби врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен ветер, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 8 до 13 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде