Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски кажа дека Владата ќе носи мерки против поскапување на горивата.
Мицкоски кажа дека акцизата за дизелот ќе се намали за четири денари по литар, а на бензините за два денари по литар.
„Нашите пресметки покажуваат дека дизелот требаше да поскапи околу 7 денари, додека бензините меѓу 1,5 и 2 денари. Со промена на акцизите очекувам корекција на цената на дизелот за 3 денари.
Со тоа што истекува попустот на Окта, ќе ги обновиме разговорите со нив за да видиме дали може да го продолжат попустот“, кажа премиерот.
Доколку се постигне договор, Мицкоски кажа дека цената на дизелот најверојатно нема да се зголеми, додека бензините би можеле да поевтинат за околу 2,5 денари.

