Овие вработени добија значително покачување на платите

Вработените во државната администрација, судовите и правосудните органи, како и дел од работниците во приватниот сектор каде што се потпишани колективни договори, овој месец добија значително зголемување на платите, соопштија синдикатите.

Според податоците од Синдикатот на управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), околу 11 илјади вработени веќе добиле повисоки примања, по потпишувањето на 60 поединечни колективни договори со институции од јавниот секто. Покрај усогласувањето со Законот за минимална плата, нивните плати се зголемени и за дополнителни 7 проценти.

Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, истакнува дека зголемувањата нема да застанат тука – административните службеници ќе добијат по 7 проценти покачување и во 2027 и 2028 година, што според пресметките значи вкупно зголемување од околу 42 до 43 проценти во наредните две години.

Дополнително, дел од работниците во приватниот сектор веќе добиле покачувања од 5 до 8 проценти, зависно од договорот со колективните договори.Со тоа, синдикатите посочуваат дека во поголемите компании речиси и да нема работници што примаат минимална плата.

Во меѓувреме, минималната плата во март беше зголемена за 1.667 денари и сега изнесува 26.046 денари. Од Сојузот на синдикатите на Македонија, сепак, реагираат дека одлуката е донесена без нивна согласност.

Професорот по трудово право, Лазар Јовевски, оценува дека реалното зголемување на платите оваа година достигнува околу 14 проценти, ако се земе предвид и растот на минималната плата. Со ваквата динамика, според него, во следните две години вкупниот раст може да надмине 40 проценти.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде