Беше осуден за убиството на Вања и Панче – сега е во тешка здравствена состојба
Боре Видевски, еден од четворицата осудени на доживотна затворска казна за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес е хоспитализиран, дознава Инфомакс.
Според информациите, Видевски бил хоспитализиран синоќа на клиниката за Нефрологија и се наоѓа во критична состојба.
Инаку, за утре е закажана јавна седница по жалбата на одбраната за доживотните затворски казни кои ги донесе Кривичниот суд, но истата најверојатно ќе биде одложена поради хоспитализирањето и критичната состојба на Видевски.
Видевски на судењето негираше вина на обвинението за директно учество во здружување, грабнување и убиство.

