Променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Претпладне ќе има услови за слаб локален дожд.
Ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено силен северен ветер (над 70 km/h).
Во Скопје, променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Денес и во четврток ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено силен северен ветер (над 60 km/h). Во петок кон крајот на денот, во текот на ноќта и во сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд.
Поради продор на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Од четврток утринските температури наместа ќе се спуштаат под нула степени.


