Судир на две возила – има повредени

19-годишник од Студеничани е тешко повреден, додека неговиот малолетен сопатник е повреден во сообраќајка на булеварот „Борис Трајковски“ што се случила вчеравечер. 

– Вчера во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота корола“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(53) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.О.(19) од село Студеничани, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Е.О., а со телесни повреди се здобил негов малолетен сопатник од с.Студеничани,  констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“ Скопје, минформираа од МВР. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде