Тешка сообраќајна несреќа – Возачот го загубил животот

75-годишник од гевгелиско загина откако со трактор излетал во речно корито. 

Како што информираа од полицијата, вчера во 09:15 часот вo ОВР Гевгелија е пријавено дека на ул.„Костадин Зупов“ во село Смоквица, гевгелиско,

трактор „Тома Винковиќ“ со приколка со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Р.Б. (75) од Гевгелија, излетал од патот и паднал во речното корито на река Мешкавица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник Ж.Г.(70) од истото село, констатирани во Општа болница Гевгелија. Возачот Р.Б. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, од каде во 23:15 часот е добиено известување дека починал, додаваат од полицијата. 

За настанот е известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде