Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштуваат дека времето во следните денови ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот.
Утре и во сабота утринската температура наместа ќе се спушти под нула и ќе има појава на утрински мразеви. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер, поизразен долж Повардарието.
Од сабота ќе дува југоисточен ветер кој во понеделник и вторник, долж Повардарието ќе достигнува брзина од 60 km/h.
Во петок ноќта кон сабота ќе има услови за слаби врнежи од дожд.
Постарите веруваат дека ако на Велики петок врне дожд, сливите и други овошја нема да дадат богат род. Се верува дека дождот значи тешка и сушна година, полна со конфликти и со кавги.
Од друга страна, пак, се верува дека ако денот е топол и сончев за овој голем празник, родот на овошјето ќе биде голем.

