Со име и презиме: УЈП ја објави новата листа на должници

Управата за јавни приходи  ја објави Листата на должници бр.03/2026 за долгови доспеани до 30.11.2025 и неплатени до 28.02.2026 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
повисок од 300.000 денари за правните лица.

Даночниот долг надмина 11,9 милијарди денари

На Листата на должници бр.04/2026 објавени се 1.898 должници – правни лица (помалку за 109 од претходната листа) и 3.078 физички лица (помалку за 1.023 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.04/2026 изнесува 11.986.622.418 денари, (повеќе за 64.700.764 денари од претходната листа).

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 11.807.861.928 денари, (повеќе за 102.695.467 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 178.760.490 денари (помалку за 37.994.703 од претходната листа).

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде