Важна информација: СЕЈФ СИТИ ќе започне да функционира во уште еден македонски град

И во Струмица годинава ќе почне да функционира системот „Безбеден град“. Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев вчера оствари работна средба со градоначалникот на Струмица, Петар Јанков и зборуваа на оваа тема.

На средбата во фокус беа зголемувањето на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, со посебен акцент на заштитата на пешаците, како и оптимизацијата на ресурсите и унапредувањето на сообраќајната инфраструктура.

На средбата беше заклучено дека континуираното вложување во модерни решенија, како и координираниот пристап помеѓу институциите и локалната самоуправа, се клучни за создавање побезбедна сообраќајна средина.

Зголемувањето и гарантирањето на безбедноста на сите учесници во сообраќајот останува еден од врвните приоритети на институциите.

Проектот веќе функционира во Скопје, Тетово и Куманово. Има најави дека ќе почне да функционира и во Велес.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде