Какво време не очекува? УХМР објави детална прогноза за следните денови

Претежно облачно, претпладне во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер.

Во Скопје, претпладне со услови за слаб дожд, а потоа променливо облачно со пократки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец

Во недела и понеделник следува преодна стабилизација на времето.

Во недела ќе биде умерено облачно со подолги сончеви периоди, а во понеделник ќе биде претежно облачно со краткотрајни сончеви период во централните делови од земјава.

Од вторник следува период на претежно облачно време со врнежи од дожд. Во вторник врнежите ќе бидат претежно во западните и северните делови.

Во среда и четврток облачно со слаби врнежи од дожд насекаде, кои ќе бидат пообилни во четврток, кога ќе има и услови за појава на ретки грмежи. До четврток ќе дува југоисточен ветер кој во понеделник и вторник ќе биде засилен, повремено силен и ќе достигне брзина од 50 km/h.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде