Познати детали за земјотресот кој ја стресе Македонија

Земјотрес доцна синоќа ја стресе Македонија.

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќва во 00 часот и 22 минути,

беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Делчево – Берово, 120 km југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.1.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Пехчево, Берово и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Засега нема информации за евентуални штети.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде