Земјотрес со јачина од 3.1 степен според Рихтеровата скала е регистриран ноќеска во источниот дел на државата, во близина на Пехчево.
Според достапните податоци, потресот се случил во 00:22 часот, на координати 41, 800° северна географска ширина и 22.880° источна географска должина, на длабочина од околу 16.3 километри.
Земјотресот бил почувствуван од населението во регионот, но според првичните информации не е предизвикана материјална штета.
Станува збор за послаб потрес кој главно предизвикал краткотрајно нишање.

