Мајка се фрлила од зграда, во станот пронајдена мртва нејзината 17-годишна ќерка – голема трагедијa во Хрватска

Голема трагедија се случила денеска во доцните претпладневни часови во Велика Горица.

Околу 10:50 часот, полицијата во Загреб добила пријава за самоубиство – жена се фрлила од висина од станбена зграда и била пронајдена како лежи пред објектот.

Итните служби веднаш пристигнале на местото на настанот, каде што бил откриен уште пострашен случај.

Во стан на шестиот кат било пронајдено телото на малолетно лице, 17-годишна девојка, за која при првичниот увид било утврдено дека смртта настанала како последица на кривично дело.

Полицијата врши увид и собира докази, како и информации од соседите за да се утврди што се случило пред трагедијата.

По завршување на увидот, телата ќе бидат пренесени на обдукција во Институтот за судска медицина.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде