Со длабока тага, ЈП „Тетово Транспорт“ ја соопштува веста за смртта на нивниот почитуван колега, Славчо Максимовски, кој со голема посветеност ја извршуваше работата како возач во претпријатието.
Во текот на својата професионална кариера, тој се истакнуваше со професионалност, коректност и почит кон колегите и граѓаните, оставајќи зад себе трајни спомени и вредности во колективот.
Неговата смрт претставува голема загуба за претпријатието и за сите кои имале можност да го познаваат и да соработуваат со него.
Во овие тешки моменти, претпријатието изразува искрено сочувство до неговото семејство, роднините и пријателите.
Споменот за него ќе остане трајно врежан во сеќавањата на колегите.
Нека почива во мир.

