Вчера во Охрид, на 52-годишна возраст почина познатиот охридски моторџија Томче Мишов, објави Охрид прес.
Охриѓани ќе го паметат по неговиот ведар дух, насмевката и подготвеноста секогаш им да помогне на сите, но и неговата љубов кон автомобилите и моторите.
Долги години работеше и во неговиот автосервис, каде секогаш имаше време и корисен и искрен совет за сите.
Погребот на Мишов е закажан за утре, 14 април 2026 година, на Градските гробишта во Охрид, од 12:00 до 12:30 часот.

