УДАРНА ВЕСТ: МАЃАР НАЈАВИ ЕКСТРАДИЦИЈА НА НИКОЛА ГРУЕВСКИ

Поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, е меѓународен криминалец и не треба да биде во Унгарија, изјави унгарскиот лидер на партијата Тиса, Петер Маѓар, по убедливата победа против Виктор Орбан.

На денешната прва прес-конференција која траеше над 3 часа, идниот премиер Маѓар остро ја критикуваше одлуката на владата на Орбан да им доделува азил на полските политичари Збигњев Зиобро и Марцин Романовски, кои се обвинети за злоупотреба на службената должност.

Тој направи директна паралела со случајот на избеганиот експремиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Груевски, кој исто така доби заштита во Унгарија од Орбан откако во 2018 избега од Македонија за да не ја отслужи затворската казна.

Последен пат македонското Министерство за правда побарало екстрадиција за Груевски во 2019, за сите случаи за кои се водеа против него и за кои беше распишана меѓународна потерница.

„Па, мислам дека зборував многу јасно за ова претходно, дека предложив (Зиобро и Романовски) да не купуваат никаков мебел во Унгарија од ИКЕА, бидејќи нема да останат долго. Унгарија нема да биде засолниште за меѓународни криминалци. И тоа не важи само за нив, туку и за г-дин Никола Груевски, поранешниот северномакедонски претседател, кој исто така е осуденик. Но и тоа не е затоа што ова е праведно исто така очекуваме од другите европски земји, ако унгарски политички криминалци бегаат во други земји, да ги екстрадираат назад кај нас, во духот на европската соработка, овие потенцијални криминалци. И можам само да им предложам на г-дин Жигров и г-дин Романовски дека ако немаат што да кријат, тогаш треба да се вратат дома и да застанат пред народот — па тој беше министер за правда, значи мора да го познава полскиот правосуден систем — па треба да си го исчисти името од обвинувањата. И тоа не е моја работа. Значи, ќе најдеме начин, освен ако веќе не заминале, но ако не заминале, ќе ги екстрадираме во Полска“,  рече Маѓар во 68-та минута од прес-конференцијата одговарајќи на новинарско прашање за азилот на Зиобро и Романовски.

Маѓар изјави дека Унгарија не смее да стане засолниште за меѓународни криминалци и нагласи дека ова се однесува не само на полските политичари, туку и на Груевски, кого го опиша како осуден криминалец. Тој додаде дека и другите европски земји треба да ги екстрадираат сите унгарски политички криминалци кои ќе се обидат да избегаат во странство, во духот на европската соработка.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде