Тешко повреден полицаец на Водно откако со службениот мотоцикл сакал да избегне лисица што излегла на патот.
– На 12.05.2026 во 12:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локален пат на Водно, полицискиот службеник М.Т.(32) од Радишани, скопско, управувајќи мотоцикл „хонда“, сопственост на МВР,
обидувајќи се да избегне лисица што излегла на патот, изгубил контрола и паднал.
Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, соопштија денеска од полицијата.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

