-Денеска (14.05.2026) во 18:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.”Јустинијан Први” во Скопје,
патничко возило “мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.К. (53) од Скопје удрило во пешак-дете на возраст од околу осум години.
Детето со возило на Итна медицинска помош е пренесено во комплекс клиники “Мајка Тереза”, а во тек е увид на местото на настанот.

