Ќе споменам две личности за кои актуелната власт ги поставила и мора сериозно да се замисли.
Тоа е актуелниот Гувернер Трајко Славески, Гувернер на Народна банка и актуелниот прв човек на ФК Вардар Миленко Неделковски.
Господинот Славески за извршувањето на јавни функции како бивш Министер за финансии во владата на Груевски, потоа како Претседател на Советот на Град Скопје и сега како ново печен Гувернер на Народна банка, покажа целосна неодговорност и незнаење што тоа значи да бидеш поставен на висока и одговорна функција. Јавноста го доживува како целосно негативна личност.
Господинот Неделковски зад себе веќе има криминално досие за „лепливи раце’.
Дадена му е функција да го води најтрофејниот македонски фудбалски клуб во Македонија, каде има сериозно голем проток на финансиски средства. За ваквите лоши кадровски потези не се виновни Славески и Неделковски, туку е виновен тој што ги предложил и изгласал!
Ова е извадок од мојата утрешна колумна насловена „Излез од македонската бездна – Дали бојкотот е последниот крик на обичниот граѓанин“, напиша Трифун Костовски на Фејсбук.

