УЖАС: Прегазени две девојки, возачот избегал

Вчера во 18:47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Радишанска“ во Скопје,

патничко возило „фиат пунто“ удрило во 31-годишната С.М. и 27-годишната М.Ш., двете од Скопје, а возачот го напуштил местото на настанот.

Во полицискиот билтен се наведува дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ш, а со телесни повреди С.М., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, се преземаат мерки за расчистување на случајот.