Легендата на народната музика итно пренесен во болница

Легендарниот фолк пејач Асим Бркан е задржан во болница поради проблеми со срцето, пренесуваат српските медиуми.

Според информациите, пејачот моментално е под лекарски надзор и ќе мора да ги направи сите потребни контроли и испитувања за да се утврди точната дијагноза.

Поради здравствената состојба, Асим Бркан ги откажал сите свои обврски и настапи, а во наредниот период целосно ќе биде посветен на закрепнувањето.ж

Асим Бркан со децении важи за еден од најпрепознатливите и најпочитувани фолк пејачи на Балканот.

Публиката го памети по бројните хитови, емотивниот глас и богатата музичка кариера која остави голема трага на регионалната сцена.

Неговите песни и денес се пеат на прослави и концерти, а многумина го сметаат за вистинска легенда на народната музика.