ОГРОМНА ТАГА: На 41-годишна возраст почина Зорица Димовска Митева

Денеска на 41-годишна возраст почина Зорица Димовска Митева од Струмица, одделенски наставник во ООУ „Даме Груев“ во Куклиш, сопруга и мајка на две деца.

Веста за прераната смрт на Зорица Димовска Митева ја соопштија на социјалните мрежи од училиштето.

„Почитувани ученици, почитувани родители! Со болка во душата, денес се простуваме од нашата колешка и вашата учителка Зорица Димовска Митева. Ќе ја помниме по посветеноста кон работата, љубовта кон учениците, топлата насмевка и енергијата со која сјаеше. Нека и е светол патот! Слава и…“ – објавија од ООУ „Даме Груев“.

Општина Струмица во 2024 година на Денот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј, на Зорица Димовска Митева и додели Плакета и Признание за најдобар одделенски наставник.

Погребот со посмртните останки на Зорица Димовска Митева ќе биде утре, понеделник во 14:00 часот на Градските гробишта во Струмица, а претходно од 12:00 до 14:00 часот ќе бидат изложени во Градската капела.