Легендарниот фолк пејач Асим Бркан е хоспитализиран и моментално се наоѓа под лекарски надзор, пренесува „Пинк“.
Според достапните информации, тој пред неколку дена бил примен во болница поради проблеми со срцето, по што бил задржан за дополнителни прегледи и детални контроли за да се утврди неговата точна здравствена состојба.
Во меѓувреме, медиумите објавија дека пејачот имал вода во белите дробови, а најзагрозен орган му е срцето. Лекарите направиле целосна анализа, по што било утврдено дека Асим ќе мора да оди на операција.
Според информациите, му е оштетен срцев залисток кој хируршки ќе мора да биде отстранет, а потоа да му биде вграден нов.
Поради здравствените проблеми, Бркан бил принуден да ги откаже сите претходно планирани обврски, а во наредниот период целосно ќе се посвети на закрепнувањето и медицинските испитувања.
Неговата здравствена состојба сега е во фокусот на јавноста, додека семејството, пријателите и бројните фанови со загриженост ја следат ситуацијата и се надеваат на негово побрзо закрепнување.

