УХМР утрово со најнова прогноза – еве какво време не очекува

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и дневни температури од 15 до 26 степени Целзиусови.

Во крајните западни и источни региони ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец со брзина од 50 км/ч.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и дневни температури од 20 до 28 степени.

Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер со брзина над 50 км/ч.