Синоптичарите со најнова вест: Доаѓа невреме со град и силен ветер

Утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични прaзнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град, соопшти УХМР.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

За време на викендов на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град. Во понеделник ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.